(ВИДЕО) Мртви и повредени во експлозија во Џизре-Турција

Од:

Силна експлозија утрово одекнала во местото Џизре во југоисточниот дел на Турција.

Нападнат бил полициски пункт, а има мртви и ранети. Според првичните информации има најмалку девет луѓе загинато, меѓу кои тројца полицајци, а 64 биле повредени.

Силната експлозија целосно ја уништила полициската станица и оштетила неколку згради во околината. Според турските медиуми експлозијата била предизвикана од автомобил бомба.

Агенцијата Анадолу пренесе дека за нападот е одговорна Работничката партија на Курдистан.

Според телевизијата НТВ од местото се издига облак од дим, а во тој правец се упатиле повеќе коли на брза помош. Ројтерс пренесува дека има „многу мртви и повредени“ но не прецизира бројка.

Џазире се наоѓа во провинцијата Ширнак, која се граничи со Сирија и Ирак. Во таа област, мнозинството население се Курди

Би можело да ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Единаесет лица загинаа, а седум се повредени во експлозија во фабрика за експлозиви во Турција