(ВИДЕО) Караџовски: Не можам да ви кажам зошто бев во Обвинителството

Од:

„Кој ве информирал? Службени обврски имав во оваа зграда. Не можам да ви кажам во врска со што е“.

Ова го изјави претседателот на Судскиот буџетски совет, Зоран Караџовски, по тричасовниот распит во Обвинителството за гонење организиран кримкнал и корупција.

Караџовски рече дека тој ги потпишал одлуките за додатоците на плата на членовите на Судскиот совет.

На новинарско прашање дали на седницата кога била донесена одлуката за додатоците на плата од приближно 21 илјада денари, била поканета министерката за правда, Рената Дескоска, Караџовски кажа дека откако е тој претседател на Судскиот-буџетски совет ниту еднаш не се појавил ниеден министер за правда, иако таму имаат право на глас.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Продолжува преписката меѓу Уставен и судиите: Судската независност не може да биде оправдување за непочитување на Уставот

Катерина Ѓуровски

Судиите му одговорија на Уставен: мора да се почитува самостојноста и независноста на редовните судови

Судскиот совет го избра Зоран Герасимовски за в.д. претседател на скопска Апелација

Мицкоски: Судството нема да добие повеќе средства додека не покаже резултати

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

Судскиот совет избра 68 нови судии, a разреши двајца