Има 2 години, IQ 141 и е член на МЕНСА

Од:

Адам Кирби има само 2 ипол години, а има коефициент на интелигенција од 141, поради што е квалификуван да влезе во Менса.

Родителите Дин и Кери Ен Кирби, ја тестирале интелигенцијата на нивниот син Адам, кога имал само две години.

Се испоставило дека неговиот IQ бил 141, а после прегледот и потврдата од психологот Џоан Фримен, поканет е да се приклучи на Менса.

Сепак, тоа не е најмладиот член. Таа титула се уште ја држи Елиса Тан Робертс која се приклучила во Менса само еден месец помлада од Адам.

Адам читал на само девет месеци, тој знае да множи до 100, да брои до 1000 на англиски и до 20 на шпански и јапонски јазик. Кога имал само една година, ги разликувал според обликот државите и сложувал сложувалки за возрасни.

Г-ѓа Кирби му читала и пред да се роди, а му го рецитирала Шекспир, кога имал само неколку месеци.

„Кога имаше девет месеци, сфативме дека е различен“, изјавила мајката на Адам.

„Не го тераме на ништо. Самиот сака предизвици. ќе биде тешко кога ќе тргне на училиште, бидејќи пред него нема да има доволно голем предизвик “, вели неговиот татко.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ