Илјадници бараат казна за родителите на детето кое падна во живеалиште на горилата

Од:

Големи реакции во САД предизвика усмртувањето на мажјакот горила во зоолошката градина во Синсинати, во сојузната држава Охајо, откако во неговиот ограден простор падна тригодишно момченце, и веќе шест илјади луѓе во неделата ја потпишаа петицијата со која се повикува да бидат казнети родителите кои го оставиле своето бебе без надзор.

„Горилата умре поради тоа што родителите на детенцето не внимавале на него. Во спротивно, тоа не би можело да пропадне во јазот. Тие родители мора да понесат одговорност поради тоа што го оставиле детето без надзор“, се истакнува во петицијата „Прада за Харамбе“ поставена на интернет. Нејзината страница на Facebook веднаш доби 2.000 „лајкови“.

Полициската управа на Синсинати сите прашања во врска со овој инцидент ги препратува на обвинителството на округот Хамилтон.

Во саботата службениците во зоолошката градина Синсинати мораа да го застрелаат 17-годишниот мажјак горила по име Харамбе поради спасувањето на тригодишното дете кои е успеало да се провре низ оградата и да падне во јазот со вода пред живеалиштето на единаесетте примероци од овој вид примати. Момченцето се наоѓало околу десетина минути во шепите на моќниот примат со тежина од 181,4 килограми, а е хоспитализирано без повреди опасни по животот.

Како што претходно за новинарите објасни директорот на зоолошката градина Тејн Мејнард, „животното почнало да го влечка малечкото“. „Нашите работници проценија дека момченцето е во смртна опасност и донесоа тешка, но исправна одлука“, додаде Мејнард.

Појасни дека вработените не ризикувале да користат средства за успивање, бидејќи толку големо животно не би било успиено веднаш со еден погодок. Додал и дека ова е прв ваков случај во 38-годишното постоење на оваа зоолошка градина.

Би можело да ве интересира

Сателитските снимки покажуваат што се Иран и уништи на Америка на Блискиот Исток

Предраг Петровиќ

Која е вистинската воена моќ на Иран: Една од најсилните армии во светот, со застарена авијација

Хегсет: Иран се обиде да го убие Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Американски Ф-15 соборен, повторно

Иран тврди: Започнавме три големи операции

Мокбер: Нема преговори со Американците, можеме да се бориме колку што сакаме