Финалистите на музичко шоу „X-Factor“ одржаа концерт пред многубројната македонска публика во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.
Големиот концерт го отвори победникот на „X-Factor“, Даниел Кајмакоски.
Покрај Даниел, публиката во Скопје имаше можност да се забавува и со Маид Хеќимовиќ, Илма Карахмет, Тамара Милановиќ, Алекса Перовиќ, Харис Чато, Лукијан Ивановиќ, дуото „Х20“, бендовите „Доктори“ и „4Ју“.