ВИДЕО: Вечерва финале на Икс Фактор

Од:

Со почеток во 21 часот вечерва е суперфиналето на Икс Фактор во кое за победата ќе се натпреваруваат шест кандидати меѓу кои и Боби Мојсовски од Македонија.

На суперфиналето специјален гостин е светската ѕвезда Џејмс Артур, а ќе настапи и хрватската пејачка Јелена Розга која според најавите подготвува провокативен настат на големата сцена на белградската Комбанк Арена.

Промоции на своите нови песни ќе имаат и членовите на жирито, а прв ќе ја отвори вечерта Жељко Јоксимовиќ со сингл од новиот албум по шест години.

Пред суперфиналето владее голема возбуда.

– Се уште не можам да верувам дека влегов во суперфиналето. Не го очекував тоа. Се вознемирувам од фактот дека 12.000 луѓе влегов во 6 најдобри, вели Боби Мојсовски кој не крие дека е важна победата.

– Победата е важна зошто ова е сепак натпревар, но мојата основна цел беше да го слушнам мислењето на публиката но и мојата промоција во регионот, рече Мојсовски за Прва ТВ.

Би можело да ве интересира

Македонец ја крена на нозе публиката на бугарскиот „X Factor“

Наум Локоски

Амел Чуриќ повреден во сообраќајна незгода

Ана Ололовска

Боби Мојсовски со одлична изведба во финалето на Икс Фактор

Ана Ололовска

Втора сезона на „Х фактор“

Ана Ололовска

ВИДЕО: Сите му се потсмеваа, кога запеа ги остави без текст

Емир Латифовиќ

Кајмакоски потпиша договор за издавање на првиот албум со продуцентската куќа „Менарт“

Емир Латифовиќ