Жерновски-Морина: Старата скопска чаршија е културно богатство на Македонија, а еснафите тоа добро го знаат

Од:

Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, оствари средба со претставници на Здружението „Еснаф”, предводена од Бејтула Морина, претседател на еснафите.

На средбата се разговараше за проблемите на дуќанџиите што се на територија на Центар, решенија за истите а се разговараше и за потпишувње на меморандум со кој би се унапредила соработкта на здружението „Еснаф” и општина Центар.

„Сакам да изразам задоволство од иницијативата за оваа средба, нема градоначалник кој не би сакал соработка со едно од најстарите организирани форми на делување како што е Здружението „Еснаф”,самото име кажува со какви луѓе е соработката. Тука сум, отворен за соработка, заедно ќе седнуваме на маса да ги разгледаме проблемите и ќе ги решиме согласно законите. Токму Старата чаршија е место кое што е пример за општество за кое се боревме, разни луѓе, разни култури, разни религии, со една цел, подобар живот за сите, искрен да бидам чај пијам секаде, но најубаво ми е на „тефериџ во чаршија”. Сигурен сум дека оваа средба ќе вроди со плод, а резултатите ќе можат да ги видат сите за брзо време”, рече градоначалникот Жерновски.

Претседателот на Здружението “Еснаф”, Морина не го криеше своето задоволство од плодната дискусија. Тој на градоначалникот Жерновски му ги претстави проблемите со кои секојдневно се среќаваат дуќанџиите на центарскиот дел на старата скопска чаршија.

„Како и секаде така и во овој дел дуќанџиите се соочуваат со проблеми, кои за среќа се решаваат, но пред се потребен е слух за истите и желба за соработка, која очигледно денес ја добивме од вас господине Жерновски. Како претставници на здружение кое што брои стотици членови сакам да ве известам дека веќе имаме започнато соработка со Министерството за економија со цел враќање и зачувување на автентичниот изглед на старата чашија. Исто така се надеваме и на поголема реализација на проектите кои што се започнати со Министерството за култура, чест ми е што еве веќе од денес започнуваме соработка и со срцето на Скопје, а тоа е општината која што ја водите Вие, општина Центар“, рече Бејтула Морина, претседател на Здружението „Еснаф“.

Од страна на еснафите градоначалникот Жерновски доби плакета во знак на благодарност за досегашната поддршка, со желба за зацврстување на соработката и реализација на договорените активности кои што следуваат.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски