Вучиќ: Од ЕУ ќе бараме за еден месец да ни одговорат дали постои Бриселскиот договор или не

Од:

По седница на Советот за национална безбедност, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на прес конференција, повикувајќи се на заклучоците од таа седница, изјави дека од ЕУ ќе побара во рок од еден месец да и одговори на Србија дали постои Бриселскиот договор или не, што е еден од условите за продолжување на дијалогот, јави дописникот на МИА од Белград.

-Ќе побараме итен одговор од претставниците на ЕУ за тоа дали постои Бриселскиот договор, кога ќе се формира Заедницата на српски општини (ЗСО), и тој одговор ќе го побараме во следниот еден месец. Нивното молчење ќе го протолкуваме дека Бриселскиот договор не постои и дека не сакаат да се формира ЗСО, изјави Вучиќ, додавајќи дека суштина на тој договор беше да се формира ЗСО.

-Србија бара повлекување на косовските полициски трупи од северот на Косово, ситуацијата да се врати во претходата состојба, а потоа да отидеме во Брисел за да разговараме за се и ако е можно да се договориме, кажа Вучиќ.

Тој порача дека Србија во следните неколку дена ќе ги разгледа мерките против Приштина, а потоа ќе излезе со нив.

-Сакаме да покажеме добра волја и да ја оставиме Приштина некое време да ги смени своите лоши одлуки, ако тие не сакаат, ние ќе преземеме мерки за заштита на Србија, изјави Вучиќ.

Српскиот претседател исто така, рече дека го отфрлил предлогот што го добил вчера од ЕУ, како треба да изгледа, „наводното компромисно решение“.

Според предлогот, како што објасни, Албанците би се откажале 70 отсто од она што имале намера да го направат на административна линија, но би вовеле 20 до 30 проценти од новите мерки.

-Го отфрлив затоа што сум уморен од политиката на свршен чин, не можете така да разговарате со Србија, кажа тој,

Одговарајќи на прашањето што точно понудила ЕУ и Квинта, тој изјави дека Србија барала единиците на Росу да се повлечат без нивните услови.

-А тоа што ни го нудат би значело дека треба да бидеме среќни и задоволни и да викаме дека е прекрасно решение што ќе ни дадат пробни регистарската табличка и ќе ни стават налепници. Тие во иднина не би ни ги одземале табличките, ќе не пуштаат со КМ и ПР. Српските таблички од Косово би ги пуштиле како нивни граѓани, но не и граѓаните на централна Србија (Р.Србија). Тие би ја зеле златната средина, малку како да навиваат за нас за да овие можат ги постигнат своите цели, прецизираше Вучиќ.

Тој порача дека за време на кризата на северот на Косово, Србија ќе најде начин да му помогне на својот народ.

На седницата за национална безбедност на Србија, присуствуваа и премиерката Ана Брнабиќ, министрите за одбрана и полицијата, Небојша Стефановиќ, Александар Вулин, началникот на Генералштабот на Војската на Србија Милан Мојсиловиќ, директорот на БИА Братислав Гашиќ, претседателот на Српската листа Горан Ракиќ и други

На седницата се разговараше за актуелната состојба и можните мерки што Србија ќе ги преземе во оваа ситуација, за кои претседателот Вучиќ синоќа кажа ќе бидат „економски и политички, но пред се економски“.

Би можело да ве интересира

Уапсен е осомничениот за убиството на семејството Ѓоќиќ

А1он

Кон: Мораме порано да ги отпуштаме пациентите за нов кревет, ковид пропусниците не се доволни

Ана Ололовска

Почина легендарниот голман Драган Пантелиќ

Ана Ололовска

Вучиќ со Џони Деп, кој ќе биде одликуван со орден за заслуги

Предраг Петровиќ

Србија прва во Европа ќе го набави лекот портив Ковид-19 молнупиравир

Катерина Павлова-Николовска

Топ чанел: Министерката Грвала отворено побара сојуз меѓу Албанија и Косово против Србија

А1он