Врховниот совет за национална безбедност на Иран: Трамп капитулираше

Од:

„Њујорк тајмс“ тврди дека новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, го одобрил предлогот на Пакистан за двонеделен прекин на огнот по интензивни дипломатски преговори. Изданието тврди дека интервенцијата на Народна Република Кина, која дојде во последен момент, била клучна.

Врховниот совет за национална безбедност на Иран, исто така, издаде соопштение во кое се наведува дека: „Соединетите Американски Држави беа принудени да го прифатат предлогот на Иран од 10 точки, кој вклучува: фундаментална посветеност на неагресија, одржување на иранската контрола врз Ормутскиот теснец, признавање на правото на Иран да збогатува ураниум, укинување на сите примарни и секундарни санкции, укинување на сите резолуции на Советот за безбедност на ОН, компензација за Иран, повлекување на американските борбени сили од регионот и крај на војната на сите фронтови, вклучително и против Исламскиот отпор (Хезболах) во Либан“.

Истото тело прецизираше дека Иран и САД ќе одржат разговори во пакистанскиот главен град Исламабад на 10 април „за да ги финализираат деталите и да ги потврдат политичките достигнувања на Иран на бојното поле“, додавајќи дека „околу 10 дена по почетокот на војната, непријателот сфатил дека нема апсолутно никаква шанса за победа“.

Врховниот совет за национална безбедност на Иран ги повтори своите закани дека нивните прсти „сè уште се на чкрапалото и ако непријателот направи дури и најмала грешка, ќе удрaт со полна сила“.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, исто така, се вклучи, објаснувајќи дека безбедното поминување низ Ормускиот теснец ќе биде обезбедено во рок од две недели „во координација со иранските вооружени сили, земајќи ги предвид техничките ограничувања“.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху: Прекинот на огнот не го вклучува Либан

САД и Иран се согласија за двонеделен прекин на огнот, се слави победа во Техеран

Бомбардерите Б-52 полетаа кон Иран

Демократите бараат поддршка од републиканците за да ја ограничат моќта на Трамп

Иран до Трамп: Не ти се плашиме, иранската цивилизација ги преживеала заблудите на непријателите илјадници години

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ултиматумот на Трамп предизвика хаос: Иранците формираат „човечки штитови“ на мостовите