Војници убиле тројца полицајци во индонезиската провинција Папуа

Од:

Војници убиле тројца полицајци во лична расправија во покраината Папуа во Индонезија, соопшти денеска полицијата.

Војниците, исто така, раниле уште две полицајци во пукањето што се случило вчера во областа Мамберамо Раја, изјави портпаролот на полицијата на Папуа, Антон Ампанг.

– Дошло до недоразбирање меѓу припадниците на армијата и припадниците на полицијата во Мамберамо Раја, рече тој, без да образложи повеќе детали.

Началникот на полицијата во Папуа, Паулс Ватерпау изјави дека го повлекол оружјете од својот персонал во Мамберамо за да спречи одмазднички напади.

– Се обидуваме да ги смириме нашите офицери и да ги спречиме да не ги почитуваат наредбите, истакна тој.

Во Папуа од 60-тите години на минатиот век има сепаратистички судири.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Разорен земјотрес од 7,7 степени во Индонезија: Најмалку 20 загинати, издадено предупредување за цунами

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Пожар на индонезиски траект – петмина загинати, 41 исчезнат

А1он

(ВИДЕО) Најмалку тројца планинари загинаа за време на ерупција на вулкан во Индонезија

А1он

Земјотрес по земјотрес: 6,8, па 6,5 степени

Во Индонезија исчезна авион со 11 патници – делови од леталото најдени на планина

А1он

(ВИДЕО) Најмалку 16 лица загинаа во пожар во дом за стари лица во Индонезија

Горан Наумовски