Во Рим ротвајлер падна од третиот кат врз трудница

Од:

Во центарот на Рим ротвајлер падна од третиот кат на зграда и повреди 28-годишна трудница. Жената била бремена во вториот месеца и била хоспитализирана, пренесува La Repubblica.

Животот на трудницата не е во опасност, а плодот и понатаму е витален. Кучето од задобиените повреди не преживеа.

„Изгледаше како да пукалжње од пиштол, но кога се свртев видов дека куче падна на улица, рече Ирене Гуиди која минувала оттука и прва и помогнала на жената. Сопственичката по несреќата истрчала на улицата.

„Не забележав ништо“, рече таа.

По несреќата на местото пристигнала и полицијата која ја затвори улицата.

Слушнав тресок, како некој да пукна, а потоа го забележав кучето како лета низ прозорецот“, изјави сведок кој работи во блиската продавница.

Сличен инцидент се случи и во 2018 година во Торино, кога мачка тешка шест килограми падна од осми кат врз случаен минувач. Мачката не преживеа, а човекот беше повреден. Во тој случај, сопственикот на мачката доби кривична пријава за нанесување повреда од невнимание.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се запали моторот на авион што полета од Рим

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим

Италија: Романски тинејџер е застрелан на метро станица во предградието на Рим

(ВИДЕО) Експлозија во Рим: Тројца извлечени од под урнатините

Наезда на стаорци околу римскиот Колосеум

Девојче пронајдено мртво во автомобил во Рим, имаше само една година