ВМРО-ДПМНЕ: Владата среде криза дала 400 илјади евра на Рејтинг за да ја нема Македонија на рекламите

Од:

одека над 400 илјади граѓани живеат во сиромаштија, владата на антимакедонската СДС доделува 400 илјади евра на агенција Рејтинг за осмислување и реализација на 1-дневен Фестивал на храна и вино и претставување на саем. Да биде скандалот уште поголем, токму на тој саем, според информациите на медиумите е забрането користење на термините МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНСКИ за производите кои ќе бидат презентирани. Очигледно Владата дала 400 илјади евра на агенцијата Рејтинг за да не се користи терминот Македонија во рекламите, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив агенцијата Рејтинг јавноста ја познава по анкетите на јавно мислење во кои по правило предност и дава на СДС. Токму оваа агенција, како што истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ, во сопственост на Никола Спасов среде криза добива буџетски пари за саем и фестивал за храна и вино, а во исто време земјоделците кои произведуваат храна, се молат за евро повеќе помош од владата.

„Ете до каде оди забеганоста на оваа влада предводена од антимакедонската СДС. Патем во оваа агенција до скоро работеше и сегашниот шеф на кабинет на Ковачевски, Мартин Попов. Оттука се поставува прашањето дали со ваквите исплати на буџетски пари, владата на Ковачевски си наплатува нови анкети во кои ќе се шминка рејтингот на неговата однародена влада? Заради ваквото бесрамно трошење на народни средства, нема пари за граѓаните, нема пари за земјоделците, нема пари за стопанството. Додека агенцијата Рејтинг си обмислува фестивали за дебели хонорари, народот тоне во сиромаштија. За ова мора да има одговорност“, стои во писмениот допис од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни