Влада: САД директно и порачаа на опозицијата да го поддржи европскиот пат на државата и уставните измени

Од:

Вашингтон директно и порача на опозицијата да го поддржи европскиот пат на државата, да поддржи уставни измени и да не блокира закони од клучно значење за државата, брифираат владини извори, сумирајќи ја посетата на владината делегација на САД.

Во САД, посочуваат извори од Владата, добивме недвосмислена и силна поддршка за продолжување на европскиот пат на државата, што значи спроведување на уставните измени, односно усвојување на амандманите и продолжување на преговорите како што се пропишани согласно Преговарачката рамка.

САД преку своите високи функционери ја нагласуваат поддршката што ја имаме за продолжување на европскиот пат, како и нивната недвосмислена поддршка за носење на овие одлуки коишто се потребни во нашето Собрание и таа порака беше директна и до опозицијата – идеолошките разлики не можат да бидат пречка за напредок на државата и за носењето на одлуките што се важни за граѓаните, а не за политичките партии, а најмалку пак за нивните лидери бидејќи лична кариера на некого е многу помалку важна од иднината на државата, дополнуваат владини извори.

Оттаму додаваат дека евроинтеграцискиот процес е неповратен процес којшто е започнат и не може некој да го врати назад, ниту да го однесе во друга насока.

-Единствено што може да прави е заради личен интерес да го забави, веќе имавме такво забавување 11 години за кое сфативме дека никој немаше никаков бенефит, а најмалку оние кои го кочеа процесот. Затоа и изразија загриженост заради блокадата којашто опозицијата ја прави во Собранието не само во овој процес, туку и во други процеси, додаваат владини извори.

Според нив, ова е првпат блокадата да не доаѓа од надвор, туку од внатре, од опозицијата, и тоа треба јасно да се каже бидејќи де факто, таа е против сите процеси што ја носат државата напред и ова, како што посочуваат, не е процес на еден човек или една партија, туку се одлуки и процеси од кои зависи иднината на сегашните и на идните генерации.

Од Владата брифираат дека во ВМРО-ДПМНЕ има поединци, пратеници и претставници на раководството кои не мислат како дел од актуелното раководство и кои сакаат земјата да го продолжи патот кон ЕУ и тие поединци, како што додаваат, треба да се охрабрат.

Дополнуваат дека ВМРО-ДПМНЕ и другите опозициски партии треба да бидат дел од носењето на оваа одлука бидејќи да не се биде дел од вакви одлуки е невредно за една политичка партија, која, како што велат, постои од првиот ден од осамостојувањето на државата.

Оттаму појаснуваат дека не е разговарано директно со пратеници од опозицијата, ниту пак како да одлучуваат, туку, велат, обврска на секој поединец е да носи одлуки од интерес на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Правда ги испрати уставните измени во Влада, во Собрание би требало да бидат во средината од месецов

Катерина Павлова-Николовска

Џамбаски: Владата во Скопје лобира во Брисел, во лажирањето на извештајот се вклучени и европратеници

Орце Костов

Ковачевски: Ако не се случат уставните измени, ќе имаме изолација

Џафери: Постапката за уставни измени може да почне, а во меѓувреме да се одива политичкиот дијалог

Ана Ололовска

Предлог – иницијативата за потребата од уставни измени се разгледува во Министерството за правда

Ана Ололовска

Владата утре ќе ги предложи уставните измени до Собранието, откри Пендаровски

Орце Костов