ВИДЕО: Не ја обвинувам Кина, ги обвинувам тие пред мене зошто биле глупави, вели Трамп

Од:

Не ја обвинувам Кина за оваа ситуација, ги обвинувам тие што седеле пред мене на оваа маса, рече американскиот претседателн Доналд Трамп одговарајќи на новинарски прашања во Овалната соба набрзо откако стави пауза од 90 дена за дополнителните царини за сите земји освен на Кина.

„Тие пред мене биле глупави, ова требаше да се направи многу порано. Не за времто на Бајден, уште пред Обама. Не е виновна Кина. Ја обвинувам и Светската трговска огранизација која е платена од Кинезите. Не мораа ништо да прават, ги сметаа за неразвиена нација“, рече Трамп кој вовде царини од 125 проценти за кинеските стоки.

„Често се прашувам кој би дозволил вакви догвори. Какви претседатели биле тие, глупави, корумпирани можеби, но сигурно не биле храбри“, вели Трамп.

Долги години главен купувач на кинескиот извоз беа САД. Меѓутоа, со сегашните царини и трговска војна, се поставува прашањето: Каде ќе одат сега кинеските производи?

Тоа прашање, според уредникот за геополитика на Економист, Дејвид Рени, создава сериозна дипломатска и геополитичка главоболка за кинеското раководство. Рени неодамна се сретна со кинески претставници и научници во Пекинг.

„Кина има дополнителен проблем: ако САД навистина останат затворени за кинескиот извоз, тие стоки мора да завршат некаде. Ми рекоа во Пекинг дека веќе се многу загрижени дека можат сериозно да ги нарушат односите со Европа, Латинска Америка и земјите од глобалниот југ“, изјави Рени за Би-Би-Си.

„Ако бранот кинески извоз се прелее на други пазари и предизвика губење на работни места во голем број земји, тоа може да предизвика големи дипломатски проблеми за кинеското раководство“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Макрон: Пред нас се 90 дена полни со неизвесност

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина гради многу воени бродови со неверојатна брзина, Пентагон е во шок

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Трамп: Сè ќе цвета наскоро