(ВИДЕО) Кличко: Ова е голем терористички напад, се закануваат нови удари

Од:

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко на Телеграм објави нова информација за рускиот ракетен напад врз главниот град на Украина.

Тој вели дека „руските варвари извршија голем терористички напад“ на Киев, во кој загинаа најмалку пет лица.

„Утринава и во текот на денот беа погодени неколку области на Киев, особено центарот на градот. Избезумениот агресор погоди и неколку важни инфраструктурни објекти“, рече Кличко, додавајќи дека „досега е потврдена смртта на пет лица, а 51 лице се повредено.”

Од 51 повредени лица, 42 се пренесени во болница.

„Заканата од нови напади продолжува“, заклучи Кличко.

Би можело да ве интересира

Зеленски призна: „Ситуацијата е напната“

Русија ќе одговори ако Украина ја нападне од воздушниот простор на друга земја

Украински дронови се урнаа во Финска

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Оштететениот руски танкер неконтролирано плови во Средоземното Море, влезе во либиски води

Зеленски: ЕУ ја уценува Украина за повторно да го отвори нафтоводот Дружба

ВИДЕО: Америка дозволи купување руска нафта