(ВИДЕО) Јанчева: Бараме вонредна седница на Советот за финансиската состојба во Град Скопје

Од:

Поради неспособноста и расипничкото трошење на народните пари од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска Град Скопје е со блокирана сметка и се наоѓа пред банкрот. Овој факт е уште повеќе поразителен затоа што за една и пол година колку што ВМРО-ДПМНЕ го предводи Градот, нема реализирано ниту еден, потенцирам, ниту еден капитален проект. Дополнително, јавните претпријатија едвај функционираат, јавниот превоз е во колапс, а извесен период не функционираше ниту градската администрација затоа што немаа основни средства за работа, изјави денеска Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје.

– Граѓаните мора да знаат каде завршиле нивните пари. Станува збор од најмалку 100 милиони евра од редовниот Буџет, но и дополнителни 13 милиони евра што претходната градска администрација на СДСМ ги остави во градската каса. Затоа, денес поднесуваме иницијатива да се одржи вонредна седница на Советот на Град Скопје на која ќе се расправа за тешката финансиска состојба во Градот.

ВМРО-ДПМНЕ која го има мнозинството во Советот, да се охрабри и преку претседателот на Советот Трајко Славевски кој доаѓа од нивните редови, да закаже седница што побрзо, затоа што опасноста од банкрот на Градот секој ден станува се поголема. Почитувани, година и пол ВМРО-ДПМНЕ ја предводи власта во Скопје и најголем дел од скопските општини. Освен долгови, партиски вработувања, кавги за тендери и провизии и лоши услуги за граѓаните, кадрите на ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Мицкоски ништо не сработеа за граѓаните. Советот на Град Скопје мора да одржи вонредна седница на која Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ мора да објаснат каде завршија стотици милиони евра народни пари и зошто Градот е со блокирана сметка – рече Јанчева.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јанчева: СДСМ ја поддржува одлуката за субвенции на ЈСП, одговорноста за хаосот е кај ДПМНЕ

Јанчева: Половина мандат на ДПМНЕ во Скопје, нема бесплатен превоз a ЈСП е пред колапс

Јанчева: Заради „Шпански скали“ од проектот Скопје 2014 се бара отштета од 130 милиони евра

Јанчева: Со ДПМНЕ на Скопје пак му се случува хаос, овој пат со ѓубрето

Јанчева: ВМРО-ДПМНЕ и Славески бегаат од седница за финансиската состојба во Скопје

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува Иницијатива за времено отстапување на Универзална сала на Владата