(ВИДЕО) Иберискиот Полуостров во пламен: Температури до 44 степени, пожарите зафатија села

Од:

Стотици пожарникари во Шпанија и Португалија се борат со шумски пожари, бидејќи топлотниот бран и сувите ветрови го отежнуваат гаснењето на пожарите и принудуваат масовни евакуации. Службите за итни случаи и пожарникарите се борат со повеќе шумски пожари низ Шпанија и Португалија, бидејќи рекорден топлотен бран продолжува да го погодува регионот, објавија медиумите. Пожарникарите работеа на гаснење на пожарот во општината Трес Кантос, околу 23 километри северно од Мадрид, објави Би-Би-Си.

Се очекува екстремните температури, кои достигнаа 44 степени Целзиусови во Шпанија и Португалија, да траат барем до утре, предупредија официјалните лица. Во северна Шпанија, во регионот Кастиља и Леон, вчера околу 800 луѓе беа евакуирани од шест села поради неколку активни пожари во близина на Националниот парк Лас Медулас, кој е под заштита на УНЕСКО. Жителите на Конгоста се обидоа да ги одбранат своите домови со гаснење на пожарот со вода соградинарски црева, додека две куќи веќе се уништени.

Во Португалија, околу 700 пожарникари се борат со пожар во регионот Транкосо, околу 350 километри североисточно од Лисабон. Досега оваа година, во Португалија изгореа околу 52.000 хектари шума, што е за 10.000 хектари повеќе од просекот за истиот период во изминатите 18 години, според Европскиот информативен систем за шумски пожари, објави Ројтерс. Пожарникарите работат и во регионите Навара на североисток и Уелва на југозапад од Шпанија. Службениците велат дека високите температури и сувите ветрови го зголемиле ризикот од пожари, а некои од пожарите се поврзуваат со можно намерно палење, што властите го опишуваат како „еколошки тероризам“.

Би можело да ве интересира

Под контрола се пожарите во „Вардариште“, на Кожуф, во „Јасен“ и кај Никуштак

Горан Наумовски

Гори ниска вегетација и шума кај селата Ајватовци, Долгаец и Никуштак

Активни се шест пожари, под контрола се три, а седум се изгаснати

Пожарот кај поранешната депонија Вардариште ставен под контрола, постепено се вклучува струја во Аеродром и Ново Лисиче

Голем пожар во Вардариште, цел Аеродром без струја

Предраг Петровиќ

(ФОТО) Голем пожар во близина на СЦ „Борис Трајковски“

А1он