Американскиот министер за финансии Скот Бесент јасно му ставил до знаење на рускиот министер за финансии Антон Силуанов дека за Русија нема да има економско олеснување, ниту договори за други прашања, сè додека не заврши војната во Украина, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на добро информиран извор.
Бесент и Силуанов се сретнале во понеделникот на маргините на состанокот на министрите за финансии на Г20 во Ешвил, во американската сојузна држава Северна Каролина.
Според изворот, кога Силуанов се обидел да отвори теми од заеднички интерес, Бесент го прекинал и му порачал дека ништо не е можно додека не заврши војната во Украина.
Средбата се одржа во период кога Русија повторно учествуваше на состанокот на финансиските лидери на Г20, што предизвика негодување кај дел од европските претставници кои се залагаат за дополнителни санкции против Москва.
