Тренчевска: Бектеши утре опширно ќе информира за спојувањето на концесиите, рудникот нема да ја растури коалицијата

Од:

Владата утре на седница ќе ја преиспитува одлуката за спојувањето на концесиите за рудникот во Иловица и ќе разгледа поопширна информација од министерот за економија Крешник Бектеши и вработените во Министерството за економија надлежни за доделување на концесиите, најави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Тренчевска рече дека одлуката за спојување на концесиите за рудникот била донесена како дополнителна точка и оти во такви случаи „се потпираат на образложението што го дава ресорниот министер“.

-Рудник нема да има, затоа што ставот на министрите од Социјалдемократскиот сојуз е ист со ставот на граѓаните од општините во струмичкиот регион, Ново Село, Босилово и Василево.

Меѓутоа, на утрешната седница ќе имаме пооопширна информација од страна на министерот за економија и од вработените во Министерството за економија кои работат во правниот сектор каде што се доделуваат концесиите за да ни образложат се, сите судски одлуки, сите дополнителни документи што ги имаат издаено, и утре ќе ја преиспитуваме одлуката за спојувањето на концесиите, изјави Тренчевска, по настанот „Здрав оброк за секое дете“.

-Она што како Влада ќе го направиме, е на утрешната седница да ги разгледаме сите одлуки со поопширни инфорнации од страна на колегите од Министерството за економија, со доставување на документите на седница на Влада за да можеме соодветно да ја преиспитаме одлуката и да донесеме одлука онака како што мислат мнозинството министри од СДСМ, рече Тренчевска.

Таа не верува дека рудниците може да бидат точка на разидување во владината коалиција, затоа што, како што рече, оваа Влада се грижи за граѓаните и вложува во нив.

– Ако приоритет на Владата е руралниот развој, струмичкото поле со неговата плодна почва е токму она што го работи оваа Влада – инвестирање во земјоделието, земјоделците и во домашното производство, наведе министерката Тренчевска.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Платите се намалуваат, се враќа политиката на евтина работна сила

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Владата потфрли, после 7 години има намалување на просечната плата за 1.000 денари

Ќе успее ли Македонија да ќари од рекордното поскапување на бакарот на светските берзи?

А1он

Тренчевска: Од 2017 година до денес најниската исплатена пензија ја покачивме за 5.309 денари

Предраг Петровиќ

Кој ќе ја плаќа отштетата за пропаднатите рударски инвестиции?

А1он

(ВИДЕО ) „Еуромакс ресоурцес“ со последна опомена до власта да го почитува законот, пред да почнат арбитража тешка милијарди евра

A1on