Трамп го назначи Џејсон Гринблат за специјален претставник во меѓународните преговори

Од:

Џејсон Гринблат, еден од главните советници на новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, ќе стане негов специјален претставник во меѓународните преговори, пренесоа американските медиуми.

Веста ја соопшти екипата на Трамп за транзија на власта.

Гринблат веќе две децении работи за трговската организација на Трамп. Во моментов тој е нејзин извршен потпретседател и главен правен советник.

Гринблат „одамна договара важни и сложени зделки во мое име. Тој може да собере многу луѓе на едно место и да постигне консензус за тешки и деликатни прашања“, наведува Трамп во соопштение.

Според Си-Ен-Ен, Гринблат ќе се концентрира врз израелско-палестинскиот конфликт, односите со Куба и трговските спогодби на САД со други земји, јавуваат француските медиуми.

Би можело да ве интересира

Трамп најави нови акции: Нашата воена моќ е најголема на планетата

„Њујорк Тајмс“: Иран тајно контактира со САД, Трамп се соочува со голем предизвик

Трамп им се обрати на Курдите и побара помош во војната со Иран

Трамп: Иран сакаше да преговара, но беше предоцна бидејќи САД презедоа воена акција

Трамп: Сите наследници на ајатолахот се мртви – го „средив“ пред тој да ме „среди“ мене

ВИДЕО: Нови напади, Израел го бомбарира Техеран