Според претседателот на Бразил нацистите “без сомнение” биле левичари

Од:

Бразилскиот десничарски претседател Жаир Болсонаро по денешната посета на Музејот на холокаустот „Јад Вашем“ во Ерусалим, изјави дека нема сомнеж оти нацизмот бил левичарско движење.

Тој за бразилските телевизии ја повтори изјавата на бразилскиот министер за надворешни работи Ернесто Араужо, кој исто така тврди дека нацистите биле левичари.

Болсонаро одговарајќи на новинарско прашање дали се согласува со Араужо, истакна: „Тука нема сомнеж, зарем не? Во прилог на тоа е и што во самото име на нацистичката партија – Национална социјалистичка партија на Германија, вклучен е зборот ’социјалистичка’“.

Тврдењето на Болсонаро е во спротивност на информациите кои се наоѓаат на интернет-страницата на Музејот на холокаустот, каде се наведува дека нацистичкото движење во Германија настана од десничарски радикални групи како одговор на порастот на комунизмот во земјата.

Болсонаро, исто така, го згреши и името на партијата, кое беше Националсоцијалистичка германска работничка партија. Нацистите и покрај името, ја следеа фашистичката и антисемитистичка, а не социјалистичката идеологија.

Би можело да ве интересира

Поддржувачите на Болсонаро протестираат во неколку бразилски градови барајќи амнестија

Бразил не попушта пред царините на Трамп, најави итни мерки за компаниите

Горан Наумовски

Трамп потпиша наредба за воведување царини од 50 отсто за Бразил

(ВИДЕО) Несреќа во Бразил – балон се запали во воздух, осуммина загинати

А1он

Oбвинение против францускиот фудбалер Паје за злоупотреба на девојката со која беше во вонбрачна врска

А1он

Ja лажираше својата смрт за да види кој ќе му дојде на погреб

А1он