Собранието во јуни ќе расправа за интерпелациите на Маричиќ и на Николовски

Од:

Собранието на Република Северна Македонија се очекува утре да продолжи со веќе почнатата 41. седница од минатата недела на која би се гласале сите точки што веќе биле усвоени на комисиите и за кои расправата завршила. Во четврток Собранието ќе одржи седница за постапување пратенички прашања. Ова било договорено на денешната средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи.

За интерпелациите на министерот Бојан Маричиќ и вицепремиерот Љупчо Николовски, што се на дневен ред на 41. седница, на координацијата немало договор, но од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека тие остануваат за јуни.

Утре или задутре, според информациите од Собранието, би требало да биде закажана седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност на која би се расправало за законот за државјанство, по постигнатиот договор на Алијанса на Албанците и Алтернатива и СДСМ. Сепак дали ќе дојде до конечна разрешница во однос на ова решение ќе се знае откако предлозите ќе ги види и опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Од пратеничката група на Алијанса за Албанците и Алтернатива велат дека кога ќе помине нивниот предлог, кој по разговорите на лидерите, е делумно изменет, ќе ги повлечат нивните амандамни со кои се блокираат низа други закони.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, потврдуваат дека се уште не го виделе предлогот и оти за него дополнително ќе се изјаснат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николовски: Додека регионот оди напред, добиваат милијарди од ЕУ, Македонија останува заглавена во место

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование