Со каков „багаж“ си замина Ставрески?

Од:

Бомбите на Заев ја растурија најверната „дружба“ на Никола Груевски. Во Владата ги нема Јанкуловска, Јанакиевски, Мијалков, а од вчера и Ставрески. Го нема и Груевски, иако тој се уште ги влече конците и во Владата и партијата. Сите заминаа од морални или здравствени причини, и сите за добробит на граѓаните и со благодарност за лидерот.

Ниту збор за она што се изнаслушавме во “бомбите“, на пример „Ние сме лудаци, трошиме за чоколадо, а нема за леб“, „Како ми иде да му акнам со телефонот по глава“ , „па тој бил криминалец“. Но официјално не прозборе и секогаш верно ја бранеше политиката на кумот.

Граѓаните освен оставка бараат и враќање на парите. Вака сите си заминуваат со полна торба, коментира јавноста.

Ставревски има стан и куќа во Скопје, станови во Охрид и во Вашингтон, но во Анкетниот лист не постои стан кај МВР, за кој јавноста слушаше од бомбите.

Во имотниот лист на Ставрески доставен до Антикорпциската комисија пишува има имот во вредност од 233 илјади евра, но и поголеми заштеди во банките.

Кумот на Никола Груевски во Владата е од 2006 година. Ставрески има 52 години и од денеска има можност една година да биде на државна „апанажа“. Но буџетот може да го подобрува и со кириите од становите и кириите, кои ќе му овозможат живот многу побогат од просечнииот Mакедонец.

Т.Ц.

Би можело да ве интересира

Поведена постапка против Зоран Ставрески кој се сомничи за нанесена милионска штета на буџетот

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Мијалков, Јанкулоска, Јанакиески, Ставрески и Вељаноски на Филхармонија, дел во први редови дел во последен

А1он

(Доказ) Ставрески се жалел од Миноски до Владата за ИПА

СДСМ: Медиумските курири не можат да ја сокријат вистината за криминалната власт на Груевски

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николов: Ставрески си замина, останува зарибаниот економски мотор на Владата

А1он

Собранието ја констатираше оставката на Ставрески

А1он