Силен земјотрес го погоди индонезискиот остров Сулавеси

Од:

Земјотрес со интензитет од 6,8 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска индонезискиот остров Сулавеси, соопшти Американскиот геолошки завод.

Епицентарот на земјотресот бил 280 километри јужно од провинцијата Горонтало, на длабочина од 43 километри под површина на земјата.

Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета.

Индонезиската геофизичка агенција соопшти дека го укинала предупредувањето за цунами, што беше во сила 40 минути.

Портпаролот на агенцијата за катастрофи Сутопо Пурво Нугрохо изјави дека земјотресот се почувствувал во различни области од четири до шест секунди.

Тој соопшти дека властите на источниот брег и островите им наредиле на жителите да заминат на повисоки места.

Во Индонезија, земјотреси и вулкански ерупции се чести, бидејќи се наоѓа во пацифичкиот огнен прстен.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Бања Лука: Потресот е почувствуван во неколку градови

Силен земјотрес во Перу: Епицентарот е во близина на границата со Еквадор

Силен земјотрес го погоди Мексико

Земјотрес во Романија

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

(ВИДЕО) Најмалку 16 лица загинаа во пожар во дом за стари лица во Индонезија

Горан Наумовски