Што подразбира самоизолацијата – препораки за лицата кои се во изолација и нивните блиски

Од:

Докторите Жарко Караџовски и Ирина Бухова изготвија низа препораки за сите лица кои се во самоизолација, со оглед на тоа што нивниот број секојдневно расте. Задолжителната самоизолација подразбира 24 часовен престој во домашни услови, во текот на 14 дена.

За патниците кои пристигнале во земјава од средно и високо ризични држави, ова важи од денот кога влегуваат во државата.

По можност, овие лица треба да престојуваат и да спијат во одделна просторија од останатите членови на семејството и постојано да носат заштитна, хируршка маса. До нив секогаш треба да има топломер и телесната температура треба да ја проверуваат неколку пати во текот на денот.

Доколку се пројават симптоми како покачена температура, малаксалост, течење нос, кашлање, отежнато дишење, лицето треба да повика Брза помош или да се јави во Епидемиолошката служба во надлежниот Центар за јавно здравје.

Лицето во самоизолација, а и сите останати, треба зачестено да ги мијат рацете со употреба на сапун, да ги дезинфицираат рацете со дезинфекционо средство на база на алкохол и да ја одржуваат личната хигиена.

Лицето што престојува во просторијата треба зачестено да врши проветрување.

Задолжително е и одржување на лична и колективна хигиена на останатите лица во домот.

Доколу лицето во самоизолација има излачевини, треба да користи хартиени марамчиња (искучиво за еднократна употреба), по што истите треба да ги фрла во посебна корпа наменета за тоа и истата треба да се отстранува на безбеден начин (добро затворена) исклучиво во контејнер.

Во однос на исхраната, нема посебни препораки – изолираното лице продолжува со вообичаениот начин на исхрана. Препорачливо е изолираното лице да јаде од посебен прибор за јадење и истиот да не се меша со приборот на останатите лица кои живеат во домот. По секое одење во тоалет, тоалетот треба да се дезинфицира со средство за дезинфекција.

Комуникацијата со домашните треба да се одвива на минимум два метри, а во текот на тие 14 дена не треба да се примаат во домашните услови, лица однадвор.

Возрасните не треба да одат одат на работа, а децата да не посетуваат настава и предучилишни установи.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска