Шолц: Потребни ни се мигрантите

Од:

Германскиот канцелар Олаф Шолц во интервју за Ел Паис потврди дека Германија има проблем со работната сила и изложи каква заедничка миграциска политика би сакал да види во Европа.

– Европа е посакуваната дестинација за милиони луѓе во светот. Можеме да бидеме горди на ова, бидејќи покажува дека правиме многу работи како што треба и дека европските вредности се атрактивни. Едно е јасно: ни треба имиграција. Тоа сега го гледаме на сите места каде што недостигаат квалификувани работници: на пример, на аеродромите, во болниците и во работилниците, рече германскиот канцелар.

Тој појасни дека за да функционира сето ова, потребни се обврзувачки договори со земјите на потекло и транзит и на работниците да им се понудат повеќе легални начини за да стигнат до Европа. Шолц додаде дека функционалната миграциска политика мора да вклучува ефективна заштита на надворешните граници што е во согласност со стандардите на владеењето на правото.

– На Европа и треба систем за азил отпорен на кризи. Наша должност е да им понудиме безбеден дом на луѓето на кои им е потребна заштита, нагласи тој и најави реформа на заедничкиот европски систем за азил.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Мерц: Долготрајната војна не е во интерес на Германија

Турски државјанин шверцуваше мигранти со возило

Британија, Франција и Германија: Може да преземеме неопходни одбранбени мерки против Иран

Нова главоболка за Мерц: Зелените бараат итна истрага за „германска поврзаност“ во аферата Епштајн

Шест мигранти затекнати во автомобил, возачот заврши во полициска станица

Горан Наумовски

Србин фатен со мигранти на автопатот кај Гевгелија