Шамбевски: Додека младите едвај врзуваат крај со крај, Зајкова се луксузира и одмара во нејзината викендица во Трница

Од:

„Покрај корупцијата и криминалот, очигледно дека и лицемерието е важен епитет за опис на моменталната владејачка структура. По скандалозните видеа на Ковачевски и Зечевиќ од нивната прослава во овој крај, по многуте скандалозни вработувања во последните години од страна на оваа владејачка гарнитура и најновиот случај за непотизам каде што синот на пратеникот Рамчиловиќ се вработи во МВР како полициски службеник, во јавноста излезе информација околу новото место за одмор на младата пратеничка Моника Зајкова“, рече Борис Шамбевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека младите од цела Македонија, а посебно од овој крај се иселуваат, Зајкова го искористила своето влијание да си ја легализира дивоградбата и својата викендичката во Трница.

Очигледно дека не се сите млади исти, функцијата на Зајкова и овозможила комоција на оваа локација и убава викендичка каде што може да одмори од погрешните политики и предавствата. Додека младите едвај врзуваат крај со крај, Зајкова одмора во нејзината викендичка.

Од борбата и заложбите на Зајкова за младите ќе остане запаметено нејзиното лицемерие, гласање согласно директивите на Ковачевски и контра волјата на народот“, изјави Борис Шамбевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски