Шахпаска: Заокружи го бројот 3, за повеќе пари назад кај граѓаните и за сигурност

Од:

Носителката на кандидатската листа од ИЕ 3 од Коалицијата „Можеме“, Јагода Шахпаска денеска се сретна со граѓаните во Берово и населените места Владимирово, Русиново и Ратево.

На средбите информираше за успешните политики и мерките од кои граѓаните имаат директни придобивки, реализирањето на концептот враќање на парите назад кај граѓаните, укинувањето на радиодифузната такса, враќањето на ефтината тарифа на струјата, растот на минималната и просечната плата, растот на пензиите, државната социјална пензија од 6000 денари и решавањето на статусот на 12000 стечајци кои денес земаат 8000 денари до пензија.

– Само во Малешевијата решивме 150 стечајни работници кои сега земаат 8.000 денари месечно. Ги мотивираме работниците, земјоделците, потоа наставниците, докторите, негователите, социјалните работници да останат во државата да создаваат и работат. Реформата во пензискиот систем ја направивме со тоа што прво го стабилизиравме пензискиот фонд, а потоа без позајмица од банките, како што тоа го правеше ВМРО ДПМНЕ, ги покачивме пензиите. За само две и пол години пензиите се покачени за 1700 денари, истакна Шахпаска пред присутните граѓани.

Шахпаска се сретна и со земјоделците од овој крај, со кои разговараше за аграрните мерки кои го подигнаа земјоделството на едно повисоко ниво.

– Мерките на СДСМ продонесоа за унапредување на условите за развој на сите земјоделски гранки, во сите региони, со навремени и неселективни субвенции, зелена нафта, програмите за млади земјоделци, за жени земјоделки, програмите од ИПАРД фондовите, со што се овозможува раст на домашната економија. Во Програма „Можеме“ предвидени се низа мерки кои значително го олеснуваат, поддржуваат и унапредуваат работењето на земјоделството. Затоа, на 15 јули одлучуваме дали земјоделците ќе добиваат 200 милиони евра годишно субвенции и поддршка за рурален развој, или ќе добиваат лажни ветувања, манипулации и уцени со исплатата на субвенциите, рече Шахпаска.

На 15 јули, истакна таа, земјоделците ќе донесат одлука дали ќе имаат сто процентно бесплатна зелена нафта или ќе дозволат некој од ВМРО-ДПМНЕ да го гази нивниот труд, како што правеше цели 11 години.

Таа ги повика граѓаните на 15 јули излезат и го дадат својот глас за продолжување на успешните политики, со кои се враќаат парите кај граѓаните и продолжување на последниот чекор во успешната приказна за влез во Европската унија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Додека Мицкоски го штити Трипуновски, има криза и со откупот на млекото

СДСМ: Мицкоски го спаси Трипуновски, а земјоделците ги остави на цедило

(ВИДЕО) Милевски: Каде е Лукровски, зошто не им соопштува на граѓаните, зошто не поднесува оставка и официјално?

Горан Наумовски

Земјоделците оставени без поддршка, СДСМ бара одговорност од Трипуновски

Горан Наумовски

Поповиќ: Лажен патриотизам на Мицкоски, лажни анкети, а набргу и лажен леб

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Брисел бара измени на Законот за судски совет

Горан Наумовски