Серија земјотреси во Италија, најавена вонредна состојба

Од:

Нов земјотерес од 4,6 степени по Рихтеровата скала изутрина ја погоди Италија каде се уште трае потрагата за преживеани од вчерашниот јак удар во кој според последните информации настрадале 247 луѓе.

Италијанскиот премиер Матео Ренци најави дека денеска ќе биде прогласена вонредна состојба.

Над 470 земјотреси се забележани во Италија по силниот земјотрес вчера. Од нив во централниот дел на Италија се регистрирани над 100 земјотреси, а најјакиот бил со 4,6 степени по Рихтеровата скала, во влизина на градот Терни со популација од 220.000 жители.

Еден од посилните потреси синоќа го погодил и Рим што предизикало паника кај жителите кои масовно вртеле во службите за итна интервенција.

Експертите наведуваат дека тоа е нормална појава по силниот земјотрес, но и дека во Италија на секои 15 години има по еден земјотрес од над 6 степени по Рихтер.

Би можело да ве интересира

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Трамвај излета од шините, најмалку двајца загинаа, а 38 се повредени

Горан Наумовски

Земјотрес по земјотрес: 6,8, па 6,5 степени

Лут возач прегази човек со автомобилот неколку пати, па потоа нападна друг

А1он

Хорор сцена во Италија: Непознат човек се обиде да киднапира 18-месечно дете, родителите го спречија

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди БиХ, потресите се почувствуваа во близина на Ливно