СДСМ: Ова не е нормално, луѓе што лежеле затвор Мицкоски ги става за директори на затвори!

Од:

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не знаат каде тераат.

До толку немаат кадри за да ги постават по институциите што луѓе што лежеле затвор, со кривични пријави ги става за в.д. директори на затвори.

Со одлука на Мицкоски осуден криминалец кој лежел 4 години затвор е именуван за в.д. директор на затворот Идризово, одделение Велес!

Ибрахим Ељези е осуден и лежел 4 години затвор, од 2013 година до 2017 година во Идризово.

Кривичното дело за коешто бил осуден е за неовластено производство и пуштање во промет на дрога.

Сега истиот овој човек Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го ствааат директор на затвор КПД Идризово, одделение Велес?

Ова не е нормално, рече на прес конференција, Методија Илиевски, советник на СДСМ во Советот на општина Битола.

Па како може осуден криминалец да биде одговорен за затвор?

Но тоа не е се.

Емил Јанески, со кривична пријава за „несовесно работење„ со одлука на Мицкоски е именуван за в.д. директор на затворот во Прилеп.

Јанески во 2020 година бил директор на ЈКП „Водовод и канализација“ – Прилеп и против него МВР има поднесено кривична пријава за „несовесно работење во службата“ и штета врз буџетот од препријатието во висина од 2.3 милиони денари.

Дури и ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција бараше Јавното обвинителство да реагира и да ги расчисти сомнежите за наводната милионската проневера од Јанески.

И сега истиот тој ВМРО-ДПМНЕ го назнаува за в.д. директор на затвор.

Надвор од паметот и секоја логика!

Ова е класична криминална кадровска политика.

За 30 дена Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат секојдневни скандали, промашувања и разочарувања.

Немало досега Влада со толку лош почеток, со толку кадровски промашувања, рече Илиевски.

Би можело да ве интересира

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Власта е исплашена, посегна по децата, организаторите и напаѓачите мора да одговараат

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Обвинителството веднаш да ги пронајде насилниците што по налог на Мицкоски ги нападнаа младите во Ново Село

Горан Наумовски

СДСМ: Анализа на водата во Гостивар дури на 20 август, а дотогаш народот нека се труе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) СДСМ: Во Ново Село организираната криминална група прати насилници да ги тепаат младите – затоа што се плашат од вистината!

Горан Наумовски

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања