Путин: Мировниот план на Трамп е основа за конечно решение на конфликтот

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин го коментираше новиот мировен план на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина на денешниот состанок на Советот за безбедност, опишувајќи го како можна основа за конечно решавање на конфликтот.

Москва потврди дека го има текстот на предлогот, кој сè уште не е јавно презентиран во детали, пренесува РИА Новости.

Путин нагласи дека иницијативата, која досега се дискутираше само во општи црти, може да послужи како основа за постигнување мир. Според него, за време на состанокот во Анкориџ, Русија потврди дека, и покрај постојните тешкотии, се согласува со предлозите на американската страна. Тој, исто така, истакна дека новата верзија на американскиот план се појавила поради застој во преговарачкиот процес.

Порталот „Аксиос“ претходно објави дека САД спроведуваат „тајни консултации“ со Русија за мировен договор кој се состои од 28 точки. Овие точки, велат тие, се поделени во четири клучни категории: мир, безбедносни гаранции за Украина моделирани според Член 5 на НАТО, безбедност во Европа и идни односи меѓу страните со САД.

Според медиумите, планот предвидува предавање на целата територија на Донбас на Русија во замена за американски безбедносни гаранции. Линијата на контакт во Запорожје и Херсон би била претежно замрзната, со официјално признавање на Крим и Донбас како руска територија.

Дополнително, Вашингтон би ги укинал санкциите против Москва и би ја намалил воената помош за Киев, кој пак би морал да ја намали големината на своите вооружени сили. Планот, исто така, би забранил распоредување на странски трупи на територијата на Украина, како и оружје што би можело да се користи за извршување напади длабоко на територијата на Русија. Како дел од договорот, рускиот јазик би добил статус на државен јазик, а би се воспоставил и официјален статус на канонската Украинска православна црква.

Би можело да ве интересира

САД ја притискаат Украина да постигне мировен договор со Русија до јануари: Киев стравува од големи отстапки

Предраг Петровиќ

Во руски напад врз Криви Рих загина медицинска сестра – 20 луѓе се ранети

А1он

1.144 деца загинаа или се повредени годинава во Украина

А1он

Париз би можел да ја промени политиката кон Москва и Киев по претседателските избори

Русија изврши масовен напад врз Киев и неколку украински региони, оштетени се три моста

Горан Наумовски

Зеленски: Постои огромна шанса за мир доколку САД навистина извршат притисок врз Путин