Претседателски избори на Тајван

Од:

Граѓаните на Тајван денеска избираат претседател меѓу актуелната претседателка Цај Ингвен и националистичкиот кандидат Хан Кво-јуа, од што може да зависи демократската иднина на земјата.

Резултатите од гласањето се очекуваат доцна вечерва.

– Се надевам дека граѓаните ќе излезат да гласаат, изјави Цај откако гласаше во Тајпеј, додавајќи дека избирачите треба да го искористат своето право да ја зајакнат демократијата на Тајван.

Хан, пак, истакна дека Тајван треба да биде поотворен за преговори со Кина, за разлика од Цај која го отфрли мешањето на Пекинг.

Кина и Тајван се разделија во текот на граѓанската војна во 1949 година, но Пекинг и понатаму тврди дека има суверенитет врз островот и повремено се заканува дека ќе употреби сила за да ја преземе контролата доколку е потребно.

Островот, на кој живеат 23 милиони луѓе, функционира како суверена нација, издава сопствени пасоши, одржува сопствен воен и правен систем.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди Тајван

Тајван: Ако Кина сака наша територија, треба да побара и земја од Русија

Кина воведе санкции за шест американски компании за продажба на оружје на Тајван

Кина воено ја тестира својата способност да го окупира Тајван

Кина започна воени вежби во околината на Тајван

Горан Наумовски

Новиот претседател на Тајван и порача на Кина: Престанете да ни се заканувате