Здравствените работници јануарската плата ќе ја добиваат постепено во следните 48 часа

Од:

Почна исплатата на платата на здравствените работници, информира попладнево Фондот за здравствено осигурување. Исплатата ќе се врши постепено во етапи и се очекува да заврши во следните 48 часа.

– ФЗОРСМ ја известува јавноста дека од денеска започна со исплата на плата на вработените во Јавните здравствени установи, и дел од нив веќе ја имаат на своите сметки, е наведено во соопштението.

Од Фондот им се заблагодаруваат на сите здравствени работници за трпението во овој период кога Фондот се соочува со сајбер напад и кога се прават максимални напори проблемот да се надмине што побргу.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: УМС му подготви пакетче на директорот на ФЗОМ, топка, сет кофички и лопатки за да си заигра на убавите песочни плажи на Атлантикот

За Ковачевски, директорката на ФЗО била добар избор затоа што решила хакерски напад за само 14 дена

Орце Костов

За директорката е успех што системот на Фондот за здравство не беше во функција „само“ две недели

Орце Костов

Почнува исплатата на боледувањата, породилните отсуства, системот на Фондот профункционира

Ковачевски: Тимови од повеќе институции работат со странски експерти за решавање на хакерскиот напад во Фондот за здравство

Катерина Ѓуровски

Системите на Фондот за здравство во наредните денови ќе се враќаат во функција

Ана Ололовска