Пендаровски: Јас би сакал уставните измени да имаат одложено дејство, но тоа е невозможно

Од:

Претседателот Стево Панедаровски, лично би дсакал да може уставните измени да бидат со одложено дејство како што бара ВМРО-ДПМНЕ, но тоа според заклучоците донесени од Советот на Европа во овој момент е невозможно.

„Ако внимателно ги следевте изјавите по таа лидерска средба и едните и другите се во право. Во право е премиерот кога вели дека има промена на ставот кај Христијан Мицкоски кој претходно велеше дека не сака да гласа за Бугарите во уставот и дека не може да правиме уставни измени под бугарски диктат. Месеци наназад тој тврдеше дека овој состав на парламентот нема мандат од граѓаните за воопшто да влезе во процесот на уставни промени. Од друга страна во право е опозицијата кога вели дека нејзините предуслови кои дополнително ги има испоставено на лидерската средба. Особено барањето за одложено дејство на уставните проемни, или тие да важат отако Македонија ќе стане членка на ЕУ. Според мене е апсолутно надвор од реалноста, иако јас би сакал такво нешто – истакна Пендаровски.

Според него, заклучоците на ЕУ се јасни и во тие заклучоци е вграден и ставот на Бугарија, а за мое да се разговара за одложено дејство би требало да има нови заклучоци во Советот на Европа.

– Тоа е сосема нереално и тоа го знаат сите. Се надевам дека тоа не се користи како изговор за да не се влезе во уставните промени. Бев изненаден кога чув дека главната опозициона партија е подготвена да биде дел од Владата со пет ресори и да гласа од позиција на владејачка партија. За уставни промени може да гласате и од позиција на опозиција“, рече Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Одбележуваме неславен јубулеј, 20 години од кандидатскиот статус и серија направени отстапки

Катерина Ѓуровски

Касами: Владината коалиција работи на забрзување на процесот на евроинтеграции

Муртезани: Никогаш не сум рекол дека ќе излеземе од Владата ако нема уставни измени на крајот од годината

Лајчак: Членството во ЕУ е најдобрата опција за Македонија, мој совет е да го ставите заедничкиот интерес над партиските интереси

Гаши: Во секое време може да почнеме со уставни измени, но како држава сме во временски теснец

Ставот на Владата за уставните измени е јасен и остануваме на истиот, изјави Митева