Отворени дополнителни линии за психолошка поддршка за родители и деца

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче на неговиот Фејсбук профил денеска објави дека се отворени дополнителни линии за психолошка поддршка наменети за родители и самите деца на училишна возраст.

– Од огромно значење е сериозно да ги сфатиме нашата и благосостојбата и менталното здравје на нашите деца и да побараме поддршка. Во соработка со УНИЦЕФ и во партнерство со Универзитетската клиника за психијатрија отворени се дополнителни линии за психолошка поддршка наменети за родители и самите деца на училишна возраст, наведе министерот.

Линија за психолошка поддршка за тинејџери и нивните родители – 078/378-729, линија за родители на деца со попреченост – 070/291-574, што функционира од 9:00 до 16:00 часот секој работен ден, и телефонска линија за деца на училишна возраст, родители на деца и предучилишна и училишна возраст – 072/912-676, што работи секој работен ден од 9:00 до 19:00 часот.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски