Новата преодна влада на Бугарија положи заклетва пред претседателот Румен Радев

Од:

Претседателот на Бугарија Румен Радев по претставувањето на новата преодна влада и нејзиниот премиер Гулаб Донев изјави дека главниот предизвик е поврзан со безбедноста, јави дописникот на МИА од Софија.

Ризикот војната да зафати нови територии е реален и, според Радев, прв приоритет за новата бугарска влада е да се спречи вовлекување на Софија во конфликтот, да се намалат ризиците за националната безбедност на Бугарија и да се забрза работата на модернизација на воените сили на земјата. Според претседателот на Бугарија, глобалната енергетска криза е директна последица на војната.

– Техничката влада и следните влади во Бугарија мора да се водат од два важни приоритети – безбедноста на снабдувањето и цената на енергетските превозници. Друга катастрофална последица од војната е кризата со храна, рече Радев. Важен приоритет ќе биде безбедноста на храната и контролата на цените во Бугарија, додаде тој.

Радев повтори дека бугарското општество очекува да ја слушне целата вистина за изградбата на автопатот „Хемус“, поправката на браните и другите големи корупциски проекти. Тој изрази очекување и итни активности за обезбедување безбеден сообраќај на патиштата и покрај нормативната блокада и прекинот на нивното финансирање.

Новите министри и вршител на должноста премиер Гулаб Донев дадоа заклетва пред претседателот на Бугарија, бидејќи нема активно Народно собрание за положување заклетва. Ова е 100-та влада на Бугарија од ослободувањето на земјата од османлиската власт пред 144 години и осма официјална влада од воведувањето на повеќепартиската демократија кон крајот на 1989 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вонредна состојба во југозападна Бугарија: Поројни дождови ги поплавија населбите

(ВИДЕО) Иран: Немаме проблем со Бугарите, но имаме право да го нападнеме изворот на агресијата против нас

Крум Ефремов ќе биде македонски амбасадор во Софија

Катерина Ѓуровски

Украина: Не го насочивме дронот кон Бугарија

Паника во Бугарија: Тешко вооружен дрон експлодира на бугарска територија

ВИДЕО: Брод со 238 луѓе се насука на Дунав поради многу ниско ниво на водата