МВР: Вработени во „Комунална хигиена“ Скопје нападнале колега кој чистел улица

Од:

Полицијата уапси вработен во ЈП „Комунална хигиена Скопје“ кој заедно со уште неколку лица физички нападнале вработен кој во моментот ги извршувал своите работни задачи.

– Денеска во 00.05 часот на подрачјето на Гази Баба полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Ц.(28) од Скопје, вработен во ЈП Комунална хигиена Скопје, поради тоа што на 9.7.2023 околу 23.30 часот во трговски центар на подрачјето на Гази Баба, заедно со Д.Д. и уште неколку лица, физички го нападнале Д.С.(37) од Скопје, додека ги извршувал своите работни задачи како вработен во истото претпријатие, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

Оттаму дополнуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на лицата, а по неговото документирање од страна на Единицата за насилен криминал ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „насилство“, по член 386 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

60 проценти неисправни возила, огромни долгови и милиони дадени на ангажмани преку агенција – Ревизија во Комунална хигиена

Финансиска поднесе кривична против екс директорот на Комунална Сабахадин Рустеми

Обвинение за поранешниот директор на Комунална за хаосот со ѓубрето во Скопје

Нови директори: Трпковски во „Дрисла“, Кроневски во „Градски паркинг“

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

ЦУК: Две македонски државјанки се изгубија кај Батинци, тие се пронајдени од полициска патрола

Горан Наумовски