МВР: Полицаец земал 70 евра поткуп од возач на автобус

Од:

Одделот за внатрешна контрола на МВР до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против полициските службеници А.В. и Н.С., вработени во полициската станица за граничен надзор Ќафасан. Според пријавата, првопријавениот сторил кривично дело „примање поткуп“, додека второпријавениот сторил кривично дело „несовесно работење во службата“.

Првопријавениот на 13.5.2023 на граничниот премин Ќафасан од возач кој управувал автобус со црногорски национални ознаки, за кој не поседувал важечки зелен картон, побарал и примил поткуп во паричен износ од 70 (седумдесет) евра, додека второпријавениот, го пропуштил возилото без важечки зелен картон и му овозможил непречено да оствари влез на територијата на Република Северна Македонија.

„По преземени мерки и активности за целосно расчистување и документирање на кривично-правниот настан, во координација со надлежен Јавен обвинител, полициските службеници се лишени од слобода и изведени пред судија на претходна постапка, од чија страна им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, како овластен предлагач, ќе покрене постапка и за утврдување на дисциплинска одговорност, а полициските службеници ќе бидат суспендирани од работа до завршување на дисциплинската постапка“ велат од МВР.

Би можело да ве интересира

МВР: Поднесени две кривични пријави против полицаец од Гевгелија

МВР: Три кривични пријави за полицаец од Крушево

Повреден полицаец со пиритехничко средство по ракометен натпревар во Кавадарци

Кривична за полицаец од Скопје, вршел психичко насилство врз неговите малолетни деца

МВР: Полицаец од Битола ја истепал невенчана сопруга и ја повредил

Сопственик на компанија му понудил поткуп на полицаец, па завршил во станица

Горан Наумовски