Москва тврди дека експлозиите на Крим се саботажа

Од:

Руското Министерство за одбрана соопшти дека експлозиите во складиштето за муниција на Крим се саботажа.

– Утрото на 16 август, како резултат на саботажа, оштетено е воено складиште во близина на Џанкој. Нема потешко повредени лица. Се преземаат потребни мерки за отстранување на последиците од саботажата, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана.

Но, не е соопштено дали е оштетена или уништена воената опрема и муницијата.

Изутринава имаше информации дека две лица се полесно повредени во серија експлозии предизвикани од пожар што зафатил складиште за муниција во близина на населеното место Мајско во областа Џанкој на полуостровот Крим.

Регионалниот шеф на Крим, Сергеј Аксјонов соопшти дека две цивилни лица се полесно повредени во инцидентот, како и оти се евакуирани околу две илјади жители од Мајско.

Попладнево има информации за нови експлозии на Крим.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Лавров: Трамп не можеше да поверува што слушна од својот руски колега за време на разговорот во Алјаска

Шмихал: Нема струја за стотици илјади граѓани во Киев

Нов баланс на моќ: Европа брзо ја презема улогата на американската разузнавачка служба во Украина

Украинците шокирани, клучниот преговарач на Трамп не ги знае основите информации за војната

Катерина Ѓуровски

Две лица загинаа во напад на руски дрон во регионот на Киев

Петмина се убиени во руски напад со беспилотно летало врз воз во регионот Харков