Левица: Изгореа над 94 000 хектари шума или 9,5% од вкупната шумска површина – кој ќе понесе одговорност?!

Од:

Во момент кога нашата земја се соочува со една од најтрагичните еколошки катастрофи во последните децении, Левица изразува длабока загриженост и револт поради неспособноста на Владата да ги заштити нашите шумски богатства – изгореа над 94 000 хектари шума или 9,5 % од вкупната шумска површина, а одговорност нема, се наведува во соопштението од партијата.

Пожарите што ја зафатија Македонија, не се само природна несреќа – тие се директен резултат на систематски пропусти и игнорантност кон животната средина.

Според податоците на Европскиот информативен систем за шумски пожари (EFFIS), оваа година во Македонија изгореа над 94,000 хектари шума – бројка што е, речиси, еднаква на вкупните уништени шуми во последната декада.

Ова е алармантен показател за неспособноста на Владата да управува со природните ресурси и да се справи со заканите од климатските промени.
Шумите, кои претставуваат околу 983,000 хектари од нашата земја, се сериозно загрозени со 9.5% од вкупната шумска површина – уништена само за една година.

Одговорноста за оваа катастрофа директно треба да ја понесе Владата поради:

Недостаток на превентивни мерки:

И покрај познатите ризици, не беа преземени адекватни чекори за спречување на пожарите, ниту за едукација на населението за потенцијалните опасности.

Недоволно финансирање и опремување: Противпожарните единици останаа без соодветна опрема и со недоволно кадри, и покрај ветувањата за подобрување на нивните услови.

Бавна и хаотична реакција:

Кога пожарите веќе избувнаа, реакцијата беше бавна и некоординирана, што доведе до поголеми штети отколку што беше неопходно.

Отсуство на одговорност:

До денес, нема јасни одговори за тоа како и зошто се случи ова, ниту се преземени чекори за одговорност на одговорните лица.
Како одговор на овие пропусти, Левица бара:

Истрага и одговорност:

Да се спроведе независна истрага за да се утврдат одговорностите и да се осигура дека виновниците ќе одговараат!

Инвестиции во противпожарна заштита: Да се инвестира во модерна противпожарна опрема и обука, но и да се воспостави систем за рано предупредување!

Обнова на шумите:

Веднаш да се започне со процес на пошумување и обновување на засегнатите области, воведувајќи ги и програмите за одржување на новите насадувања!

Левица останува на страната на природата и граѓаните. Во услови на оваа еколошка криза, државата треба силно и решително да вложи во заштита и обновување на шумите, но и итно обновување на државната противпожарна инфраструктура со цел превенција на идни катастрофи.
Само со одлучни мерки и вистинска грижа за природата, ќе можеме да обезбедиме здрава и одржлива иднина за идните генерации, наведуваат од Левица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Левица: Директорот на ООУ „Ѓорѓија Пулевски ги уценува родителите на затруените деца

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС им пречи што ЈПДП има зголемена наплата за 1,1 милион во јули оваа споредено со минатата година, затоа го напаѓаат Трајановски

Фетаи: Важно е да се донесе Законот за правична застапеност, меѓународна пракса е да се земе мислење од Венецијанската комисија

Санкции поради неправилности при вршење јавен превоз со автобус

Предраг Петровиќ

Петрушевски: ДУИ додека беа дел од власта се согласија да се укине балансерот, сега само бараат причина за дестабилизација, прочитани се

Предраг Петровиќ

СДСМ: Шефот во ЈПДП поставен од Трајановски фатен во нови злоупотреби, не плаќа патарини