Курц: Враќање на смртната казна во Турција е неприфатливо

Од:

Австрискиот шеф на дипломатијата Себастијан Курц рече дека е неприфатливо Турција да ја врати смртната казна по неуспешниот воен удар.

-Воведување смртна казна би било апсолутно неприфатливо, рече Курц во интервју за австрискиот весник “Куријер“. Тој додаде дека не смее да има произволни чистки, ниту кривични санкции надвор од системот на владеење на правото.

Турскиот претседател Таип Ердоган вчера изјави дека е потребно без одлагање да се врати смртната казна, а потоа најави разговори за тоа со претставниците на Владата и опозицијата. Турција ја укина смртната казна во 2004 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драма во Анталија: Пукање во владина зграда, напаѓачот се заклучи внатре, специјалните сили ја опколија зградата

ВИДЕО: Узбуна во НАТО базата Инџирлик во Турција

Иранска балиситичка ракета соборена во воздушниот простор на Турција

Фидан: Израел провоцира конфликти, спроведувајќи експанзионистичка агенда

Турција се плаши од хаос и бран бегалци од Иран

Горан Наумовски

Иранска балистичка ракета лансирана кон Турција соборена од воздушната одбрана на НАТО