КСС: Апсурдно е да се разговара за зголемување на минималната плата од 200 денари

Од:

Конфедерацијата на слободни синдикати смета дека е апсурдно да се зборува за зголемување од 200 денари на минималната плата во период на пандемија кога работникот е осиромашен. Сметаат дека минималната плата треба да се зголеми најмалку 60 проценти од просечната.

– Синдикатите вчера беа експлицитно против таквата одлука. Во најмала рака тоа е смешно и апсурдно и затоа бараме минималната плата да биде најмалку 60 проценти од просечната плата, изјави денеска на прес-конференција претседателот на КСС, Благоја Ралповски.

Според КСС, вредноста на Бруто домашниот производ, кој е еден од параметрите за пресметување на минималната плата, треба да се земе како износ нула бидејќи повеќе од 100.000 работници се приматели на минимална плата, а речиси 40 проценти се вработени во јавната администрација.

Тој рече дека доколку не се исполни ова нивно барање, тогаш преку органите на синдикатот ќе го радикализираат своето делување.

Денеска, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи изјави дека минималната плата се уште не е достоинствена, но оти кога економските услови ќе се подобрат, Владата ќе работи на нејзино зголемување до 18 илјади денари. Сега, според него, не е моментот за такво нешто.

-Претендирам минималната плата да биде повисока од 60 отсто од просечната, но кога економијата ќе биде доволно продуктивна и ефикасна за да креира раст кој може тоа да си го дозволи. Минималната плата кај нас беше 40 отсто од просечната, а сега достигнавме до 53,4 отсто. Стремиме кон 60 отсто, но тоа се прави постепено. Во владината програма имаме кажано дека минималната плата ќе биде 18.000, а просечната плата 36.000 денари и тоа е точно она што сакаме да го постигнеме. Ќе одиме уште подалеку од тоа и ќе стигнеме на минимална плата од 20.000 денари кога нема да зборуваме за економска криза, рече Битиќи.

Вчера, на состанокот на Економско-социјалниот совет, копја се кршеле околу различното толкување на процентот на пораст на БДП во претходната година.

Реакција вчера испрати и Сојузот на синдикати на Македонија во која информираа дека за првпат синдикатите биле надгласани од работодавачите и Владата околу усогласувањето на минималната плата. Како што наведе ССМ, Владата и работодавачите сметале дека реалниот пораст на БДП може да биде и во минус што според пресметките на ССМ, усогласувањето би било пониско за 211 денари.

Во однос на концептот недела да биде неработен ден, денеска од Конфедерацијата на слободни синдикати го повторија ставот дека недела треба да биде неработен ден за сите работници, а оние што ќе мора да работат, да добијат зголемена дневница за 50 проценти и слободен ден од 12 часа плус 24 часа следниот ден. Предлогот на КСС е и работникот да не работи повеќе од 150 часа во недела во текот на целата година.

Би можело да ве интересира

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со поддршка за протестот на КСС пред Собрание

Горан Наумовски

КСС на протест пред Собрание поради носењето на Законот за административни службеници

Горан Наумовски

Тренчевска: Зголемување на минималната плата од март е поддржано од работодавачите

СДСМ: Платите растат и во 2024 година, поголема минимална плата од 22.500 денари

Горан Наумовски

Битиќи: Ќе им ги зголемиме платите на судиите кога граѓаните нема да чекаат по шест години за своите предмети

Орце Костов

Минималната плата во март ќе изнесува 22.500 денари

Катерина Ѓуровски