Исмаил: Левица е за прохибиција на коцкањето и профитирањето од нечесни бизниси

Од:

По однос на барањето за автентично толкување на Законот за игри на среќа, пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил – Хактан, истакна дека Левица е за прохибиција на коцкањето и профитирањето од нечесни бизниси.

– Едно е да има дозволено да постои ваква индустрија, неморална и нечесна. Друго е што власта на ДУИ и СДСМ, со издавање на лиценци за игри на среќа ја мултиплицираше можноста за отворање на казина и други објекти. Со ова ја проширија можноста за коцкање која уништи многу семејства во нашата држава – потенцираше Исмаил.

Пратеникот Исмаил го дообразложи ставот на Левица за дестимулација на овој нечесен бизнис од којшто олигархијата се збогатува на грбот на обичниот човек и работничката класа.

– Ако поднесете таков закон, ние со драго срце ќе го поддржиме! Не само да се дозволи во објекти со пет ѕвезди, туку воопшто да се направи нелегално самото коцкање. Автентичното толкување има намера да го ограничи она што денес постои. Но тоа може да се направи и без ова, односно институцијата којашто издава такви лиценци, поради тоа што поминува рокот на тие лиценци, едноставно треба да ги укине и да продолжи по законот којшто моментално важи – поентираше Исмаил.

Би можело да ве интересира

Левица: Македонија единствена европска земја против хуманитарна помош за Палестинците – ДПМНЕ ја влече државата кон талогот на цивилизацијата

(ВИДЕО) Мециновиќ: Мицкоски го присвои државниот буџет – Левица со 80 амандмани за враќање на јавните пари во служба на граѓаните

Левица: Зошто обвинителот Арнаудоски сѐ уште го води предметот за Сара – кој ќе ја испита неговата непристрасност и интегритет?

Левица: ОЈОГОКК бара докази за истепаниот малолетник во Охрид – Внатрешна контрола и Тошковски ја саботираат постапката

Горан Наумовски

Левица: Факултетите и Ректоратот на УКИМ во мрак, Пошта и културните установи под закана од истата судбина

А1он

(ФОТО) Левица: Полициско насилство врз малолетници во Охрид – Tошковски молчи

А1он