Исмаил: Левица е за прохибиција на коцкањето и профитирањето од нечесни бизниси

Од:

По однос на барањето за автентично толкување на Законот за игри на среќа, пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил – Хактан, истакна дека Левица е за прохибиција на коцкањето и профитирањето од нечесни бизниси.

– Едно е да има дозволено да постои ваква индустрија, неморална и нечесна. Друго е што власта на ДУИ и СДСМ, со издавање на лиценци за игри на среќа ја мултиплицираше можноста за отворање на казина и други објекти. Со ова ја проширија можноста за коцкање која уништи многу семејства во нашата држава – потенцираше Исмаил.

Пратеникот Исмаил го дообразложи ставот на Левица за дестимулација на овој нечесен бизнис од којшто олигархијата се збогатува на грбот на обичниот човек и работничката класа.

– Ако поднесете таков закон, ние со драго срце ќе го поддржиме! Не само да се дозволи во објекти со пет ѕвезди, туку воопшто да се направи нелегално самото коцкање. Автентичното толкување има намера да го ограничи она што денес постои. Но тоа може да се направи и без ова, односно институцијата којашто издава такви лиценци, поради тоа што поминува рокот на тие лиценци, едноставно треба да ги укине и да продолжи по законот којшто моментално важи – поентираше Исмаил.

Би можело да ве интересира

Левица со Предлог-закон за ограничување на учевството на армијата во странски операции

Левица: Скопје како плен, реваншизам, неспособност и системско уништување под ДПМНЕ и Ѓорѓиевски

Горан Наумовски

Левица: Бараме укинување на Регулаторната комисија за енергетика

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Семејното насилство не е приватен проблем: АФЖ – Левица со работна средба за сеопфатен систем на заштита

(ВИДЕО) „Топол“ пречек за Марк Руте денеска во Собранието на Македонија, од страна на пратениците од Левица

Горан Наумовски