Исламска држава ја презеде одговорноста за кланицата во возот во Германија

Од:

Напаѓачот кој со секира и нож ги касапеше патниците во возот во Германија е борец на Исламска држава и со таа акција само се одзвал на повикот да се нападнат земји кои под водство на САД се борат против ИСИС во Сирија и Ирак, наведува Амак, агенција блиска на Исламска држава.

Како што беше претходно објавено, во собата кај мигрантот од Авганистан кој со секира ги нападна патниците, е пронајдено знаме на Исламска држава.

Авганистанецот стар 17 години, потешко повреди четворица патници, а него го ликвидира полицијата додека се обидуваше да побегне. Во текот на нападот извикнал “Алах Акбар“.

Германскиот министер за внатрешни работи Јоаким Херман кажа дека е прерано да се зборува за мотивите на напаѓачот и дека три лица по нападот се во критична состојба. Две жртви на нападот, членови на едно кинеско семејство, туристи во Германија се во критична состојба. Неколкумина од повредените се кинески туристи, рече Херман.

Напаѓачот само што влегол во возот почнал да ги напаѓа патниците со секира, а според очевидците се изгледало како кланица. Според полицијата, тој сакал да го грабне возот но не успеал.

Според министерот за внатрешни работи, напаѓачот дошол во Германија преку балканската рута.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукање во Германија, најмалку петмина мртви

Германија денеска забележа апсолутен температурен рекорд – измерени 41,3 степени Целзиусови

Баварскиот премиер бара укинување на социјалната помош за Украинците во Германија

Горан Наумовски

Од утре времено нема да има возови од Скопје за Велес, Гевгелија и Битола

Горан Наумовски

Драма во хемиски парк во Германија: Истече отров, има голем број повредени

Петмина скопјани се под истрага на Обвинителство – ја поддржуваат идеологијата на ИСИС

А1он