Исламистите со план да се инфилтрираат во германската војска

Од:

Постојат индиции дека исламисти се обидуваат да се приклучат во германската војска, со цел да се здобијат со воена обука и да ја искористат за напади во Германија и странство, пишува весникот „Велт ам зонтаг“.

Поради тоа, вооружените сили бараат безбедносни проверки на регрутите од страна на контра-разузнавачките агенции почнувајќи од јули следната година, со цел побрзо да се откријат евентуални екстремисти, терористи и криминалци, пишува весникот.

За таква безбедносна проверка ќе бидат потребни измени во законите кои се однесуваат на војската, а во предлог-документите, со кои се оправдуваат овие измени, се наведува дека постојат индиции дека исламисти се обидуваат да им се приклучат на вооружените сили поради обука.

Според весникот, кој се повикува на безбедносни извори, германската влада се подготвува следната недела да одобри измени во законите.

Би можело да ве интересира

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

ИСИС-К планира уште еден терористички напад во следните шест месеци

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Турција уапси 34 лица поврзани со Исламската држава

Истанбул: Уапсен е експерт за бомби на ИСИС

17-годишник со турско потекло е уапсен во Виена поради планирање терористички напад