ИДФ: Повеќе од 50 ракети лансирани од Либан кон северен Израел

Од:

Повеќе од 50 ракети беа лансирани од Либан во долините на Галилеја и градот Кирјат Шмон, во северниот дел на Израел, соопшти израелската армија.

Околу 20 ракети биле истрелани меѓу 1 и 2.30 часот по локално време, а според ИДФ, повеќето проектили биле пресретнати од воздушната одбрана, но една зграда во Кирјат Шмона била погодена и оштетена.

Околу 5.30 часот од Либан биле истрелани уште 30 ракети, од кои некои биле пресретнати, додека останатите погодиле отворени области, пишува The Times of Israel.

Во нападот нема повредени.

Одговорноста за нападот ја презеде либанската милитантна група Хезболах, наведувајќи го израелскиот напад врз градот Фрун, во кој загинаа тројца болничари.

Би можело да ве интересира

Израел воведува закон за смртна казна против Палестинците на Западниот Брег

Горан Наумовски

Израел се подготвува за нов конфликт со Иран

Меѓународниот кривичен суд издаде тајни налози за апсење на пет израелски функционери

Нетанјаху: Ерусалим засекогаш ќе остане под израелска контрола, режимот во Иран никогаш не бил послаб

Најмалку 10 мртви, меѓу кои 6 деца, во израелски напад врз јужен Либан

Арагчи: Иран нема да се покори пред заканите од САД и Израел