Хоти: Во Вашингтон нема да се разговара за суверенитетот на Косово

Од:

Косовскиот премиер Авдулах Хоти, за време на состанокот со амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Косово, изјави дека основните принципи на платформата на Приштина за дијалог со Белград е дека не може да се преговара за територијалниот интегритет, суверенитет и внатрешното уредување на земјата.

Хоти ги информирал амбасадорите за мерките кои ги презема косовската Влада околу економското заздравување од последиците предизвикани со пандемијата на коронавирусот и ја претстави владината платформа за дијалогот со Србија.

„Договорот мора да биде согласно Уставот на Косово,“ нагласи Хоти, додавајќи дека Владата има пристап кон дијалогот, каде главна цел во целиот овој процес е меѓусебното признавање на двете земји.

Би можело да ве интересира

Јовиќ: Србија прими 30 пациенти по пожарот во Кочани, 17 беа лекувани во Клиниката за пластична хирургија и за наша среќа сите преживеаја

Катерина Ѓуровски

Милановиќ: Србија набавува офанзивно оружје и тоа ме загрижува, ние купуваме како овчари

Катерина Ѓуровски

Пленковиќ: Ќе го предупредиме НАТО за новото оружје на Србија

Османи го распушти Собранието, Косово оди на избори

Горан Наумовски

ВИДЕО: Оштетена српската амбасада во Техеран

Српските студенти порачаа: „Нема да одиме за совет во Москва“

Горан Наумовски