Го уби едниот, а го рани другиот сосед поради приклучок за вода: Осомничениот од Подлес има нарушени односи со соселаните

Од:

Поради постоење на основано сомнение дека 61-годишниот жител Славче И. на село Подлес кај Градско е сторител на кривичните дела Убиство, Убиство во обид и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи, јавен обвинител од Велес, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против него.

Во инцидентот смртно настрада Миле Димов (42 год) од Велес, а М.В.(44 год) се здоби со прострелна рана.

„Двајцата соседи на осомничениот со цел да се приклучат на мрежната водоводна инсталација со соодветен алат започнале да извршуваат ископ на земја на десетина метри од влезната врата на осомничениот. Осомничениот со кого оштетените имале претходно нарушени односи откако ги забележал, дошол со полуавтоматско кусо огнено оружје – пиштол што неовластено го поседувал и започнал да пука кон нив. Притоа едниот оштетен бил ранет во пределот на левата надколеница, додека вториот починал на местото на настанот од здобиените прострелни рани на левата страна од стомакот и левата нога“ – соопштија од ОЈО Велес.

„Ценејќи дека постојат околности што укажуваат дека осомничениот може да побегне, дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоци и вештаци, како и дека може да го повтори делото, до судијата на претходна постапка при Основниот суд Велес достави предлог за определување на мерка притвор против осомничениот. Судијата го прифати предлогот на обвинителството и со Решение определи притвор во траење од 30 дена, информираат од ЈОРСМ.

Од СВР Велес претходно соопштија дека и покрај тоа што помеѓу лицата имало нарушени меѓусебни односи, немало забележано пријава до полиција, од било кој од нив за закани или физичка пресметка.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Виена: Хрват уби Србин поради политика

Маж e избоден до смрт во Виена, уапсени се Хрват и Србинка

Трагедија на Истра: Тело на жена е пронајдено во семејна куќа, се укажува на брутално убиство

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“

Грција нема да го екстрадира Аце Циганот за убиството пред 28 години

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: ДНК анализа конечно го откри силувачот и убиецот на Американка во случај од 1975 година