Фаучи повторно не се согласува со проценката на Трамп за кризата со коронавирусот

Од:

Главниот експерт за заразни болести на американската Влада, Ентони Фаучи, вчера изјави дека не се согласува со проценката на претседателот Доналд Трамп дека САД го минаа најлошото со пандемијата на коронавирусот, изјавувајќи дека статистичките податоци се вознемирувачки.

Директорот на Националниот институт за алергија и заразни болести, кажа дека во САД сезоната на грип почнува со околу 40.000 нови случаи дневно, а бројот на смртни случаи во просек изнесува околу 1.000 на ден, пренесуваат американските медиуми.

Трамп, кој призна дека ја намалил сериозноста на вирусот откако се појави на почетокот на оваа претседателска изборна година, завчера кажа дека верува оти кризата во САД минува.

-Не се согласувам со тоа, затоа што ако ја погледнете работата што штотуку ја спомнавте-статистиката … таа е вознемирувачка“, изјави Фаучи за МСНБЦ.

За него е многу важно да се намали стапката на инфекција пред есенската и зимската сезона, кога луѓето ќе минуваат повеќе време во затворени простории.

Запрашан за собирите на отворено Фаучи рече дека и тие се „апсолутно“ ризични.

-Само затоа што сте на отворено не значи дека сте заштитени, особено ако сте меѓу луѓе и не носите маска, рече Фаучи.

Би можело да ве интересира

Трамп: Ја добивме војната со Иран, никогаш нема да имаaт нуклеарно оружје

А1он

Цените на гасот во Европа паднаа откако Трамп се откажа од закана за напад врз иранските електрани

А1он

(ВИДЕО) Трамп: Ајатолахот и јас можеме да го контролираме Ормутскиот теснец

А1он

Трамп: Мило ми е што почина екс шефот на ФБИ

А1он

Трамп му постави ултиматум на Иран: Имате 48 часа да го отворите Ормутскиот теснец, во спротивно ќе ве уништиме!

А1он

Трамп разгледува три сценарија за копнена операција